Максидент Вршковски Дентал Имплант Студио е приватната специјалистичка ординација по максилофацијална и орална хирургија со имплантологија е формирана во 2005 година,и успешно се грижи за Вашето орално здравје, за што сведочат многубројните задоволни и среќни пациенти од нашиот град, нашата земја, а и од странство, кои доаѓаат секој месец давајќи ни ја нам довербата. Од неодамна ординацијата е преместена на нова локација во нови удобни,ергономски дизајнирани, современи и модерно опремени простории, опремена со најнова апаратура и високо квалитетни материјали од познати светски производители, обрнувајќи посебно внимание на контролата на инфекција и стерилноста на просторот и во работата. Тимот од докажани екперти во својата област, кој континуирано се усовршува и едуцира во земјава и во странство, ќе се погрижи преку индивидуален, стручен и квалитетен пристап секој од Вас да добие задоволна,здрава и широка насмевка на своето лице.

Ординацијата има склучено договор со ФЗО на Македонија, за вршење на специјалистички хируршки услуги на товар на Фондот, со електронски здравствени картици.