Вашата насмевка е многу важна! Тоа е првото нешто што луѓето го забележуваат кај вас. Убавата,здрава и бела насмевка може да ве направи да се чувствувате одлично во своја кожа. Но многу работи што се прават секојдневно, како консумирање кафе, цигари, чај, газирани сокови, црвено вино, можат да доведат до таложење на наслаги, пигментации и обојување на забите. Со белењето се минимизираат или целосно отстрануваат тие ефекти. Кај нас се користат професионални методи на белење со висококвалитетни материјали и гелови на база на карбамид пероксид и водороден пероксид. Има два методи: во ординација и во домашни услови. Првиот метод трае 2-3 сеанси во вкупно 1 час третман, а вториот метод опфаќа 7-10 сеанси. И кај двата методи, потребно е претходно да се изврши чистење на забен камен и меки наслаги.

 

Пред и после белење на заби