Во денешно време се повеќе луѓе од целиот свет ги спојуваат туристичките патувања со стоматолошки третмани. Тоа е таканаречен Дентален туризам. Во Македонија и во нашата клиника, секоја година се повеќе и повеќе луѓе, посетувајќи ги прекрасните туристички места, доаѓаат и на разни стоматолошки третмани, вклучувајќи импланти, коронки и мостови, целосна реконструкција на забалото и тн. Покрај нашите граѓани кои живеат во странство, и многу странски државјани ја посетуваат нашата клиника по препорака на свои пријатели или стапувајќи во контакт директно со нас преку интернет (веб страна), фејсбук, електронска пошта и тн.

Цените на услугите во Македонија се 5-10 пати пониски во однос на цените во САД, Канада, Австралија, Европа и покрај тоа што во поголем број ординации и клиники, меѓу кои и нашата, се користат истите висококвалитетни стоматолошки материјали, најнови најсовремени апаратури, високо стручен кадар и тн.

Наша пракса, која досега се покажала успешно, е пациентот најпрво да го изнесе својот проблем и желби, потоа да направи панорамска рентген снимка или 3Д скен, како би добиле увид на неговата состојба на забите и околните структури, и да ни ја испрати по електронска пошта или на друг начин. По добивањето на истата, нашиот тим на доктори пристапува кон анализа на случајот и изработка на ориентационен план на терапија. Потоа пациентот го информираме околу интервенциите, врметраењето, бројот на доаѓања како и цената на третманот. Врз основа на тој план и по прифаќањето на истиот од страна на пациентот, се договара точен термин на доаѓање.

Нашиот тим е тука за вас доколку ви треба било каква помош пред, како и за време на патувањето и престојот во Битола, Македонија. Во прилог ви се линкови од дел од хотелите во нашиот град.

Епинал, Булевар, КорзоШатор, Молика.