Безметалните коронки и мостови, како што самото име кажува не содржат метал како основа, туку најчесто се изработуваат од циркониум оксид и врз тоа се нанесува порцелан. Се карактеризираат со биокомпатибилност, голема цврстина и естетика, и најчесто се користат во фронталната естетска регија. Во желбата да имаат заби кои во својот изглед едвај се разликуваат од природните заби, и поради фактот што со текот на годините не доаѓа до појава на црн раб од металната основа, пациентите најмногу ги бараат и се одлучуваат за безметалните реставрации.