Многу често доаѓаат пациенти со поголеми фрактури на забите, кога голем дел од забот недостасува, а мал дел е останат во устата. Во тие случаеви, доколку има услови, забот се третира ендодонтски, потоа се зајакнува со коренско колче и се изработува коронка, со цел да се заштити забот и да се превенира понатамошно кршење на истиот.