Мини имплантите претставуваат титаниумски импланти, исто како и класичните, меѓутоа заради нивната големина имаат други индикации за употреба. Тие се со помал дијаметар во споредба со стандардните импланти и се употребуваат најчесто како стабилизатори на нестабилни долни тотални протези или соло импланти во долен фронт (долни инцизиви) или други делови кадешто нема голем џвакопритисок. Мини имплантите можат да се оптеретат многу побрзо од стандардните импланти.