Гингивопластика или гингивектомија е процедура со која се врши продолжување на клиничката коронка на забите со цел воспоставување на хармоничен однос и симетрија на гингивата и забите, особено во предната, естетска зона. Нормално, гингивата треба да е во ниво на вратот на забот, но често таа, освен вратот покрива и дел од коронката на забот, правејќи го визуелно пократок и несиметричен. Во тој случај се врши гингевектомија, дополнително со или без протетски третман на забите.