Стоматолошката протетика е гранка на стоматологијата со која се надоместуваат изгубените заби, естетски се подобруваат постоечките, а со самото тоа се подобрува квалитетот на животот, во смисла на убавина и здравје. Се дели на фиксна (коронки и мостови) и мобилна протетика (парцијални и тотални протези).