Атрауматска работа во коска со помош на ултразвучна технологија (Пиезохирургија)

Пиезохирургија претставува револуционерна млада гранка во хирургијата, вклучително и стоматологијата, која во голем дел ја намалила трауматската работа а го зголемила комфорот на пациентите при работа. Пиезо апаратот работи на принцип на пиезоелектрични и ултразвучни микровибрации, што претставува целосно атрауматски начин на работа во коска, без оштетување на меките ткива околу, без употреба на машински инструменти, што резултира со многу мал постоперативен оток.

Предностите на пиезохирургијата се:

  •  Минимално оштетување на меки ткива и минимално губење на коска
  •  Минимално крварење
  •  Одличен постоперативен период
  •  Прецизност и максимална интраоперативна видливост
  •  Заштита на забни структури, брз опоравок и зараснување

Индикации:

  •  Пиезо апаратот се користи при атрауматско вадење на заб, при што се зачувува околната коскена структура
  •  Земање на коскен трансплантат при аугментирање на гребен, т.е. надокнадување на коскен дефект на алвеоларниот гребен
  •  Синуслифт процедура
  •  Ширење на алвеоларниот гребен при вградување на импланти