Ултразвучното отстранување на конкременти (камен) и пигментации е безболна метода која треба да се изведува на секои 6 месеци, т.е. 2 пати годишно, а кај некои пациенти и почесто. Исто така се врши и полирање на забите со абразивна полир паста и четка како и пескарење со посебен инструмент –пескара, со што се отсрануваат меките наслаги на и околу забите.

Целта на редовното чистење на забниот камен и меки наслаги е одржување на здрав пародонт (потпорните ткива околу забот), со што се продолжува неговиот животен век воедно и оралното здравје. Доколку не се врши редовно, доаѓа до воспалување на пародонтот, кое најпрво се манифестира како гингивитис (воспаление на гингивата), а потоа продолжува во пародонтитис (воспаление на околниот пародонтален комплекс) т.е.пародонтопатија и постепено губење на забите.