Во зависност од распоредот и бројот на забите што недостасуваат и треба да се надополнат, постајат неколку видови на имплантопротетски решенија. Импланти со фикснопротетска конструкција(мост, коронка), фиксно цементирана за имплантите или конструкција која е заштрафена на имплантите, и мобилна конструкција врз импланти.

  • Импланти и фикснопротетска конструкција

Ова е метода на имплантопротетско решение со импланти и мостови, каде имплантите имаат улога на корен на заб, а на нив се поставува фиксен мост имитирајќи го забот, кој може да биде дефинитивно цементиран врз имплантите, или пак да е заштрафен врз нив со што се овозможува повремено одштрафување и професионално чистење при редовните контроли.

  • Импланти и мобилна конструкција

Ова е метода на комбинација на импланти со мобилна протеза  која се прицврстува за нив со пречка или со топчести надоградби, и каде имплантите имаат функција на сидро за протезата. Овде предноста е што протезата може да се вади и чисти секој ден. Во оваа опција има можност да се употребат и мини импланти за стабилизирање на долна тотална протеза.