Многу често се среќаваат заби кои се осетливи и болни на сензации, заради оголен врат, кој нормално треба да биде покриен со гингива. Во тој случај заради болките како и од естетски причини, се врши хируршко покривање на вратниот дел на забот, со земање на парче гингива од друго место во устата или со вештачки графт (кој ја имитира гингивата) и фиксирање на саканото место.

Исто така, пародонталната хирургија опфаќа хируршки третман на длабоки пародонтални џебови, при што длабоко се чистат и отстрануваат воспалителните гранулации кои се недостапни со конзервативно чистење.