Многу често се среќаваме со пациенти на кои им е потребна целосна реконструкција на забалото, во еден акт. Најчесто тоа е поради недостиг на повеќе заби во устата, поголем број на оштетени заби, еродирани и абрадирани заби, вродени аномалии на формата, бројот, големината на забите, или пак естетско подобрување на целото забало. Обично оваа процедура опфаќа изработка на коронки, мостови, ламинати, протези, импланти, или комбинација од сите набројани третмани, со цел подобрување на вашата насмевка и задоволување на вашите естетски и функционални потреби.