Максидент Вршковски Дентал Имплант Студио е приватната специјалистичка ординација по максилофацијална и орална хирургија со имплантологија, формирана во 2005 година и успешно се грижи за Вашето орално здравје, за што сведочат многубројните задоволни и среќни пациенти од нашиот град, нашата земја, а и од странство, кои доаѓаат секој месец давајќи ни ја нам довербата. Од неодамна ординацијата е преместена на нова локација во нови удобни, ергономски дизајнирани, современи и модерно опремени простории, опремена со најнова апаратура и високо квалитетни материјали од познати светски производители, обрнувајќи посебно внимание на контролата на инфекција и стерилноста на просторот и во работата. Тимот од докажани екперти во својата област, кој континуирано се усовршува и едуцира во земјава и во странство, ќе се погрижи преку индивидуален, стручен и квалитетен пристап секој од Вас да добие задоволна, здрава и широка насмевка на своето лице.

Ординацијата има склучено договор со ФЗО на Македонија, за вршење на специјалистички хируршки услуги на товар на Фондот, со електронски здравствени картици.

 

Дел од стекнатите интернационални признанија и сертификати