• Коронки – Тоа се фиксни надоместоци кои се поставуваат на природните заби и кои ги надоместуваат многу оштетените заби или естетски неприфатливи заби. За да се направи коронка, потребно е забот да се истружи и припреми за поставување на коронка.  Во меѓувреме доколку е потребно се изработува привремена коронка.   Коронките можат да бидат изработени од метал-порцелан, титан- порцелан, или безметални циркониумски коронки, кои се најестетски поради отсуството на темен метален скелет, кој по години може да се заприметува.

  • Мостови – Тоа се фиксни надоместоци со кои се надоместува еден или повеќе изгубени заби, со што се премостуваат празнините на забен низ и на тој начин се враќа целосната функционалност и естетика на забалото. Ако не се пополни празниот простор, на било каков начин, ризикуваме да останатите заби почнат да се поместуваат и настануваат други поголеми проблеми, неправилен загриз, можност за развивање  пародонтопатија и тн. За да се намести еден мост, потребно е да се истружат соседни заби, кои би го носеле истиот. Мостови можат да се направат и врз импланти доколку не постојат заби носачи,или пак тие не се соодветни за да носат мост. Коронка или мост врз импланти може да се изработи кај пациенти кои имаат изгубено еден, неколку или сите заби. Со поставување на 6-8 импланти во една вилица, може да се направи фиксен мост кој ги надоместува сите заби во таа вилица.