Композитни пломби
Композитни пломби или познати како бели пломби, се модерен начин на реставрација на кариозни заби, и претставуваат можеби најчесто користен стоматолошки третман, поради големата распространетост на кариесот. Ние во Максидент Вршковски користиме висококвалитетни нано керамички композитни пломби од светски познати и признаени компании.
Композитни фасети (ламинати)
Фасетите претставуваат тенки љушпи од керамички или композитен материјал, кои се нанесуваат на предната страна на забите, и се одличен начин да се поправат или корегираат структурни неправилности на забите, како боја, форма, позиција и да се даде една убава, униформирана насмевка.
За керамичките фасети потребно е да се земе отпечаток и да се изработат во заботехничка лабораторија, и за нив е потребен период од неколку дена за изработка.
Композитните фасети, најчесто се изработуваат во еден ден, во една сеанса, не е потребна заботехничка лабораторија и чинат помалку отколку керамичките. Можат да се нанесуваат композитни слоеви (bonding) или да се лепат полуготови ласерски обработени фасети од композитен материјал.
Предности на композитните фасети се:
• Мало и никакво отстранување на забна структура
• Третман во една сеанса (1-3 часа)
• Лесно корегирање доколку дојди до поткршување на дел од фасетката (што често се случува)