Цистектомија претставува орално-хируршка интервенција со која се отстранува циста, која доколку не се отстрани, прогресивно расте и ја деструира околната коска. Доколку цистата е со големи димензии, откако ќе се отстрани целосно, се поставува вештачка коска и мембрана која ќе овозможи побрзо пополнување на дефектот.