Концептот на чист простор во модерната медицина претставува основно правило и стандард за максимално зголемување на сигурноста при оперативните интервенции и максимален успех при вградувањето на импланти. На овој концепт треба да се придржува и да го применува секоја стомато-хируршка ординација.
Ние во “Максидент Вршковски” сме сериозно посветени во превенцијата и контролата на инфекција, при секоја стоматолошка и хируршка интервенција, при што сите хируршки интервенции се изведуваат во посебна операциона сала каде протокот на луѓе е ограничен, а со тоа е зголемена заштитата при истите. Исто така, ограничен е контактот на прашина, воздушни микроби и честици на аеросоли со помош на специјални бактерицидни ламби. Се користат прекривки, мантили и друга заштитна облека за еднократна употреба, целиот инструментариум се автоклавира и стерилизира пред и после секоја интервенција, во специјални автоклави кои редовно се мониторираат и тестираат.
Површините во ординациите се дезинфицираат по строги протоколи кои обезбедуваат највисоко ниво на контроли и превенција на инфекција. Сите инструменти, кои не се за еднократна употреба, се пакуваат во посебни фолии и се автоклавираат, при што остануваат подолго време стрилни и се отвораат и употребуваат пред самата интервенција.