Со појавата на денталните импланти, во потполност се промени стоматолошката филозофија, со што тие станаа неизбежна и најбиолошка метода при реконструкцијата на изгубените заби. Веќе немора да стружите два заби за да надоместите еден кој ви недостасува, протезата не мора веќе да ви ”шета” или испаѓа од устата секогаш кога ќе ја отворите или кога зборувате! Сега можете повторно да ги чувствувате изгубените заби како свои во устата!
Повеќе од десет години, одлично обучениот и искусен тим на Максидент Вршковски, ја изведува постапката на вградување на имплант, користејќи ги висококвалитетните дентални импланти од систомот IMPLA на германскиот бренд Schutz Dental.