Рентген дијагностиката е многу важна алатка во откривање на многу состојби во организмот, вклучително и стоматогнатниот систем, т.е. забите и околната коска. Се користи пред интервенции, за време (како интерсеансна контролна снимка), и после интервенции(како контрола на заздравувањето во соодветната регија).
Специјалистичката ординација по максилофацијална и орална хирургија со имплантологија Максидент Вршковски, располага со најнов дигитален рентген апарат – Gendex и соодветен сензор, со минимално зрачење и експозиција, со тоа добивање на инзвонредни снимки за дијагностицирање и воочување и на најмалите детали.
Во одредени случаи, покрај рентген снимки, потребно е да се направи и 3D скен, со што би се добила тродимензионална слика на целото лице и би се направил подетален план на терапија, особено при терапијата со импланти.