Орален хирург , доктор на стоматологија
Др. Петар Вршковски, роден 1985 год во Битола, средно медицинско училиште-забен техничар завршува 2004, дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” – Скопје во 2009 год. Од 2010 работи во ПЗУ “Максидент- Вршковски“-специјалистичка ординација по максилофацијална и орална хирургија во Битола, а од 2011 год. започнува специјализација по орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје, која успешно ја завршува во дадениот рок во 2013 и се стекнува со тутула-специјалист по орална хирургија. Успешно работи со импланти и имплантологија од 2013 и е сертифициран за работа со повеќе имплантолошки системи, како германскиот бренд – IMPLA- Schutz Dental , и швајцарскиот бренд – Straumann. Активно и пасивно учествува на многу конгреси и семинари од областа на стоматологија, орална хирургија, со посебен осврт и интерес за имплантологија. Член е на Здружението на орални хирурзи на Македонија, Стоматолошката комора на Македонија. Зборува англиски, српски, бугарски, грчки.