Максилофацијален хирург, доктор на стоматологија.

Основач на приватната здравствена установа ”Максидент-Вршковски”, доктор со над 30-годишно искуство во областа на максилофацијалната хирургија, докажан експерт во својата професија.

Роден 1959 год, во Битола, дипломира на Стоматолошкиот Факултет при  Универзитетот ”Св.Кирил и Методиј”, во Скопје во 1982 год. Специјализира максилофацијална хирургија во 1992 на Стоматолошкиот Факултет во Скопје. Од 1985 до 2005 работи во Медицинскиот Центар ”Д-р Трифун Пановски” во Битола, во службата за максило-фацијална хирургија, а од 2005 работи во ПЗУ ”Максидент-Вршковски”. Активен учесник и предавач е на многу конгреси, семинари, симпозиуми, член е на  здружението на стоматолози и здружението на максилофацијални хирурзи на Македонија, на Балканското здружение на максилофацијални хирурзи.  Од 2015 е интернационален сертифициран тренер за системот IMPLA на Schutz Dental.