Кај некои пациенти, обично поради подолг период на отсуство на заби во горната вилица, максиларниот синус, кој е нормална структура во коската, се доближува до работ на алвеоларниот гребен, т.е. се спушта до тоа ниво што нема услови за поставуваање на импланти. За да се добие соодветна висина во тој предел, со што би се овозможило поставување на импланти и протетски надоместок, се изведува хируршка интервенција која се нарекува синуслифт. Тоа претставува подигнување на дното на синусната празнина и поставување на соодветен графт или вештачка коска, со или без мембрана, со што би се овозможило создавање на нова коска.После поставувањето на вештачката коска, се чека одреден период, обично 6 месеци за да организмот ја создаде новата коска.